Phone: +389 2 254 90 43     Email: info@mediteran-np.com.mk

За нас

Компанијата МЕДИТЕРАН НП е формирана на 05/10/2006, како друштво со ограничена одговорност, специјализирано за посредување во царински процедури (увоз, извоз, складирање, реекспорт и сл) организирање и давање транспортни услуги со сопствен возен парк, логистика и консалтинг.

Уште од почетокот на формирањето стратешките цели на МЕДИТЕРАН НП се насочени кон континуиран раст и развој во дејноста. Приоритет на компанијата е задоволството на нашите клиенти од услугите  што ги даваме, во брз временски рок, проследени со квалитет и професионалност. Конкурентската предност во однос на другите логистички компании ја градиме со сигурност, одлучност, доверба и квалитет. Имаме широка мрежа на соработка и точна инфраструктура на податоци коишто овозможуваат навремени услуги кои ги следат потребите на нашите клиенти.

Успешноста на МЕДИТЕРАН НП ја потврдуваме во 2009 год. кога од Министерството за Економија во соработка со Сојуз на Стопански Комори на Европа, ни беше доделено Признание за “Претпримач на годината 2009”.

Од широкиот спектар на услуги по конкурентски цени го нудиме следното:

1. ШПЕДИЦИЈА

  • Царинско застапување
  • Подготовка на документи за транзитна постапка
  • Редовен увоз и извоз
  • Привремен увоз и извоз
  • Реекспорт
  • Достава и подигнување на стока (од врата до врата)

2. ТРАНСПОРТ

  • Локален транспорт
  • Меѓународен транспорт
  • Консолидација на пратки и оптимизирање на транспортни трошоци
  • Организирање на друмски, авио и поморски транспорт со наши партнери-подпревозници коишто грижливо ги бираме во согласност нормативите за избор во нашата компанија.

3. ЛОГИСТИКА И КОНСАЛТИНГ

  • Поседуваме широк спектар на интегрирани информации за парцијални и целосни логистички услуги за транспорт, магацинско складирање, пакување на стока, осигурување на стока, сето тоа со одлична организираност и прецизно планирање за да сигурноста на нашите клиенти биде поголема.

Сето ова со една цел, со една деловна визија, максимално задоволство на нашите клиенти што ќе овозможи континуиран развој на компанијата во една од водечките во оваа дејност.

Игор Петковиќ

генерален менаџер